Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање да го каже својот став изјави дека првпат слуша за аферата со скандалозниот извиднички камп кој деновиве ја вознемири јавноста
„ Што е тоа за извидничкиот камп? Не знам што се случува во моментов. Не сум информиран. Ако ми појасните што е тоа со извидничкиот камп. Ве молам писмено да доставите за што точно се работи да дадам одговор за личен мој став или за став на Владата. Навистина првпат слушам за ова“, рече Заев
Скандалот со извидничкиот камп изби минатата недела кога повеќе родители се пожалија за непримерно однесување на организаторот на кампот, Првиот извиднички одред кој им држел сексуална едукација на малолетници. Обвинителството почна истрага а Сојузот на извидници го суспендираше членството на Првиот извиднички одред.
Comments are closed.