Лео Меси конечно го постигна својот прв гол во дресот на ПСЖ, но киксот на водителката на нациналната РТС наголемо се споделува на социјалните мрежи, а уште долго и ќе се прераскажува.
Спортскиот дел од вестите беше наменет за настаните во Лигата на шампионите, а особено беше интересно што еден од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси конечно ја затресе мрежата на ривалот откако го облече дресот на ПСЖ.
Додека ги читаше резултатите и стрелците во најелитното европско фудбалско натпреварување, презентерката на вестите го кажа следново:
„ПСЖ го совлада Манчестер Сити во „блокбастер“ дуелот од 2.коло во Лигата на шампионите со 2:0, а Лионел Меси го постигна својот прв гол во дресот на Партизан?!“ – се слушна од ТВ екраните, а „бисерот“ на водителката осамна на социјалните мрежи со молњевита брзина.