Загина жена во Србија откако автобус ја влечел неколку десетици метри

by Тони Зографски

Жена на возраст од околу 70 години загинала откако автобус од приградскиот сообраќај ја влечел неколку десетици метри.

Инцидентот се случил во Србија, во Бор, а жената излегувала од автобусот, но подвижините врати ѝ ја фатиле јакната, па возачот не забележувајќи продолжил да вози.

Жената со тешки повреди префрлена е во болница, каде починала.

Возачот на автобусот е приведен и одреден му е 48-часовен притвор.

останати вести