Марина Туцаковиќ која ја загуби битката на 67 -годишна возраст по долга борба со тешка болест, зад себе остави тестамент во кој наведе многу имиња од сцената кои и должеа многу пари, а потоа ja заборавиле.
– Марина долго време беше болна, а во текот на тоа лекување имаше време да размислува за сѐ и да работи на бројни текстови за многу пејачи, со помош на нејзиниот син Лаќа. Во текот на борбата со ракот напиша и тестамент, бидејќи нејзината здравствена состојба нагло осцилираше од ден на ден. Марина во тестаментот, покрај пријателите и семејството, спомена и бројни пејачи со кои работеше на текстови во последните години, каде што истакна дека во некои и се разочарала и дека бројни текстови останале недовршени, бидејќи на некои соработници им е налутена. Како што и самата непосредно пред смртта јавно истакнуваше, додека беше во полна сила многумина ѝ се јавувале и барале кариери, а во последните месеци јавувањата станувале сѐпослаби, што предизвикало револт кај легендарната Марина – вели извор близок до Марина Туцаковиќ, па додава:
– Многу пејачи ѝ должеа големи суми за текстови и ја завлекуваа, а од друга страна, јавно истакнуваа дека се добри и дека ѝ давале поддршка, како ништо да не се случува. Марина никогаш не сакаше тоа јавно да го истакне… Сите знаеме колку голем човек беше – додал изворот.
Инаку, Марина Туцаковиќ ќе биде погребана утре во семејната гробница покрај нејзиниот син Милош, по нејзината последна желба.