667
Вооружен напаѓач од снимките кој упаднал во кампусот на Универзитетот Перм во истоимениот град во Русија, бил студент на Универзитетот, пренесува ТАС.
Според наводите на полицијата, напаѓачот од кампусот наводно е 18-годишниот Тимур Бекмансуров, кој се забарикадирал во една од училниците.
Студентите од кампусот прво го снимија напаѓачот со пушка како се приближува до зградата, а подоцна на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како преплашени студенти скокаат од прозорците.
Според најновите информации од Russia Today, во нападот има најмалку 8 загинати, а најмалку 6 повредени.
Mass shooting in Russia University Perm pic.twitter.com/5puJ3KVD87
— FinTwit (@wallsteetbets) September 20, 2021
