Полицаец од Њу Џерси фатил едномесечно бебе кое паднало од балкон на вториот кат.
Полицијата одговорила на повиците дека бебето е во опасност , откако маж се заканил дека ќе го фрли бебето од балкон, соопшти градоначалникот Стивен Фулоп во објавата на Инстаграм.
Полициските службеници започнале преговори, но „на крајот, човекот сепак го фрли едномесечното бебе од вториот кат на зградата“, рече градоначалникот.Полицаецот Едуардо Матуте го фатил бебето кое не е физички повредено, објави обвинителството на округот Хадсон, пренесува Си -Ен -Ен.
Обвинителството, исто така, ги пофали полицаецот Џозеф Кејси и командантот Мајкл Меккери за нивните „акции и храброст“ во одговорот на инцидентот.