40-годишната Марили Чакон го жртвуваше својот живот за да ги спаси животите на нејзиниот шестгодишен син и двегодишната ќерка по бродолом во Атлантскиот Океан.
Децата беа пронајдени на сплав четири дена откако го напуштија пристаништето Игуероте во Венецуела со нивните родители и се упатија кон островот Ла Тортуга.
Дадилката беше со нив. Мајката починала. Таткото на момчето и уште четворица кои биле на бродот исчезнале, пишува Daily Mail.
Венецуелката ја испила сопствената урина, така што имала енергија да ги дои шестгодишното и двегодишното дете додека лебделе на остатоците на 70 километри од брегот.
Спасувачите ги пронашле децата како го држат телото на мајката на остатоците од бродот и итно биле пренесени во болница со дехидрација и изгореници од прв степен.
Мајката и нејзините деца биле на бродот со нивната дадилка – која исто така преживеала криејќи се во фрижидер за да се сокрие од топлината.
Но, пет други – вклучувајќи го и сопругот на Чакон – се уште се водат како исчезнати.
Деветчлениот екипаж замина од Игуероте во Венецуела за ненаселениот карипски остров Ла Тортуга на 3 септември на бродот Тор де Игуероте.
Официјалните лица потврдија дека Чакон, која починала од откажување на органите предизвикана од дехидрација, ги одржувала своите деца во живот пиејќи ја сопствената урина за да може да ги дои.
Нејзиниот погреб беше во саботата, откако официјалните лица рекоа дека нејзините деца ќе живеат и покрај тоа што страдаат од физички повреди.
Потрагата продолжува по исчезнатите пет лица, иако надежите дека ќе ги пронајдат живи брзо избледуваат.