Сите еротски танчери во ноќен клуб во австрискиот Винер Нојштад биле заразени од ноќна дама која се враќала дома од Романија, пренесуваат австриските медиуми.
Досега се знае дека таа заразила седум колешки, а по нивните клиенти се уште се трага, а не се знае колку луѓе се заразени и колку ќе треба да се изолираат.
Канцеларијата на државниот советник за здравство, Улрике Кенигсбергер-Лудвиг вели дека се работи за проститутки кои ширеле корона.
Тие посочија дека имаат одлична соработка со ноќниот клуб во потрага по можни заразени клиенти. Додаде дека имале добра листа на контакти, но клубот бил затворен до понатамошно известување со одлука на сопственикот.
Инаку, Австрија се соочува со четвртиот бран. Виена во моментов е најтешко погодена. Потоа следуваат Горна Австрија, Салцбург и Долна Австрија, а најмалку случаи се регистрирани во Бургенланд и Каринтија.
Околу 60 проценти од населението ги прими и двете дози на вакцината, а владата се надева дека ќе достигне 80 проценти.