Познатиот телевизиски водител Миња Субота почина во својата 82 година после борба со тешката болест.
Српскиот композитор пред шест дена бил итно однесен во болница на пулмологија, поради болеста.
Веста за неговата смрт ја објави Горан Весиќ, заменик-градоначалник на Белград.
“Нашиот Миња со кого сите растевме. Миња кој не учеше со песна да бидеме добри луѓе и да го разбереме светот. Миња секогаш беше ведар и насмеан и кога се бореше со тешката болест. Кога некој би го споменал Миња Субота сите постари Београѓани ќе помислат на “Музички топоган“, емисија од детството на секој од нас. Беше инжињер по електроника. Беше успешен музичар, пејач, композитор, кантавтор, сценарист и творец на многубројни емисии на радио и телевизија.
Многу ги сакаше децата. Создавајќи и компонирајќи за најмладите остана дете во душата. Почивај во мир Миња…
Инаку, Миња Субота беше српски композитор, забавувач, музичар, фотограф и дипломиран инжењер по електротехника. Долго работеше како водител и автор на детската ТВ серија „Музички тобоган“.
Фото: Курир телевизија