Високата службеничка на ОН, Мишел Бахелет, зборувајќи на Советот за човекови права, рекла дека видела “веродостојни извештаи” дека талибанските борци пребаруваат од куќа во куќа за да ги пронајдат сите кои и помагале на поранешната влада и САД.
“Службеници кои работеле за претходната управа и членови на нивните семејства се притворени. Подоцна во главно се и погубени”, рекла таа.
Истовремено, на интернет се појавиле повеќе снимки на кои се гледа како мажи – во главно талибански борци – ставаат најмалку четири мажи во багажник од автомобил. Според дописникот на “Iran International”, Тајуден Сороуш, снимката настанала во округот Саланг Ват во Кабул, а жртвите на талибанците се од долината Панџир.
Борците од Панџир имаат долга историја на борба против талибанците и се едно од неколкуте малцинства кои талибанците често ги прогонуваат. Не е јасно зошто тие мажи биле заробени, но снимката се појавила непосредно откако талибанците тврделе дека ја освоиле долината Панџир.
Исто така, во текот на викендот се појавиле материјали на кои се гледа како талибанските борци декаптираат авганистански војник и одат од куќа во куќа и камшикуваат луѓе за кои сметаат дека соработувале со САД.
Мишел Бахелет пред Советот за човекови права во Женева рекла дека Авганистан е “во нова опасна фаза” и дека многу жени и припадници на етнички групи и верски заедници се длабоко загрижени за своите права.
“Спротивно на уверувањата дека талибанците ќе ги поддржат правата на жените, во последните три недели жените постапно се исклучуваат од јавната сфера”, рекла таа во својот говор.
Укажала на други неисполнети ветувања за давање амнестија на поранешни државни службеници поврзани со поранешната влада.
Taliban forcibly taking the people of Panjsheers into custody and putting them in the trunk of two vehicles. The incident took place in the Tajik-dominated area of #Kabul. #Afghanistan #Taliban #Panjshir #GodMorningThursday pic.twitter.com/rJ0zGFDTyr
— Jasleen kaur (@Jasleen_Kaur11) September 14, 2021