Романската туристка Роба Георгета (64) загина по пад од карпа во бездна, додека се обидувала да се фотографира во хотелскиот комплекс Свети Стефан, за Вијести беше потврдено од полицијата во Будва.
Членовите на Службата за заштита и спасување од бездната извлекле турист која покажувала знаци на живот, пренесува Вијести.
Службата за поморска безбедност со брод ја префрлила тешко повредената Романка, која давала знаци на живот, но починала на пат кон Здравствениот дом.
Случајот го презеде висок државен обвинител од Подгорица кој нареди обдукција.