Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев синоќа преку Фејсбук му порача на министерот за здравство, Венко Филипче, дека оставка не се нуди, туку се дава.
-Нас ли овие финти, бе министре? Оставка се ДАВА како еднострана изјава на неотповиклива волја! Оставка не се НУДИ на некој (во случајов премиерот т.е. Владата), па да оставаш шанса да не ти ја усвојат – како што, ваљда, сте се договориле за да и замачкате очи на разгневената јавност. Оти, оставката од морални причини не зависи од ничија друга волја, освен од онаа на подносителот! Ама за тоа, треба да имаш етичка внатрешна вертикала и ДОБЛЕСТ која ти, за жал, не ја поседуваш, – напиша Апасиев.