Фотографија и видео од својот гол грб и задник во танга кои Бритни Спирс ги објави на Инстаграм, поделија и збунија пет милиони фанови кои ја видоа објавата, пишува Индекс.
„Дали сум јас единствено збунет од ова?“, „О Боже …“, „Која е поентата на ова?“, „Има нешто чудно во ова“, Ѝ требаше ли на Бритни една ваква екскурзија сега кога се разрешува судењето со татко ѝ, во момент кога тој дури и реши да го повлече 13-годишното старателство само за да ѝ угоди?, беа некои од реакциите.
„Ова е мојот задник“, напиша таа прво до фотографијата, а потоа ја сподели и снимката.
„Еве видео за да видите дека ова е навистина мојот задник. Без филтри, без прикривање, вистинска работа. Псст, сликам со селфи-стап и секогаш така ќе сликам. Тој секогаш стои, не одговара на прашања и многу е сигурен“, напишала таа до снимката, која за неколку часа била прегледана повеќе од пет милиони пати.