Германската фудбалска репрезентација доживеа непријатност по враќањето од Исланд, каде рутински ја совлада домашната селекција со 4:0 во квалификациите за Светското првенство следната година во Катар.
Доброто расположение кај „Панцiрите“ го расипа проблемот со авионот „Класџет Боинг 737“, поради што авионот мораше принудно да слета во Единбург околу четири часа по полноќ.
Германската фудбалска федерација официјално го објави овој настан.
„Безбедноста на прво место. Безбедно слетување како мерка на претпазливост во Единбург. Од таму се планираат индивидуални враќања“, пишува во пораката на социјалните мрежи.
Проблемите со летот се појавија на надморска височина од 29.000 стапки над шкотскиот град Арброат, поради што авионот се сврте и 20 минути подоцна беше принуден да слета во Единбург.
Се уште не е познато што точно ја предизвика оваа драма, но важно е таа дека заврши без последици