Деми Мур (59) објави фотографија во костим за капење на Инстаграм. Таа позираше на јахта и во описот на фотографијата напиша дека скокала од радост последен пат пред да започне есента.
Нејзината фотографија собра скоро 60.000 лајкови за еден час, а фановите ја пофалија во коментарите на сметка на изгледот.
„Прекрасна си“, „Изгледаш одлично“, „Те обожавам, Деми“, „Многу убава жена“, се само некои од коментарите.
Деми не откри каде моментално се одмара.
Инаку, пред нешто повеќе од две недели, актерката беше во Дубровник. Уживаше во Вила Агаве, а нејзини пријатели и правеа друштво.