Компанијата “Пејлес“ која изработува обувки за сечиј џеп, осмислила фантастичен маркетиншки трик како би докажала дека нејзините прозводи се исто така квалитетни како и оние што се многу поскапи.
“Пејлес“ закупил простор кај поранешниот бутик на Армани во Санта Моника во Калифорнија. Новиот лажен бренд бил наречен “Палеси“, а на отварањето биле повикани најпознатите американски “инфлуенсери“, односно, луѓе кои на социјалните мрежи имаат голем број на следбеници.
Бутикот бил наполнет со вообичајните чевли на “ Пејлес“, со единствена разлика, цената. Токму тоа ги намамило купувачите да поверуваат дека купуваат примероци од ексклузивна колекција, па така, еден пар патики, на кои вообичајна цена им била 20 долари се продале за 640 долари.
За само неколку часа бутикот направил промет од повеќе од 3.000 долари. Сепак, компанија подоцна на своите купувачи им го открила маркетиншкиот трик, им ги вратила парите и им ги подари обувките.