“НЕГОВАТА ТРЕТА СМЕНА“: Ѓоковиќ се опушта со миење садови (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се опушта после натпревар со миење садови,  а чинот го сними и на Инстаграм го постираше неговата сопруга Јелена.

На видеото постирано на Инстаграм се гледа како Новак мие садови во кујната. Во описот на видеото стои: „Неговата трета смена, после тренинг и медитација“.

На прашањето „што правиш?“, Ноле одговара: „Јас работам, прекувремено во трета смена, за да заработам нешто, ова ми доаѓа како терапија“.

останати вести