Ален Робер, попознат како францускиот Спајдермен, на возраст од речиси 60 години, се качува со голи раце по кула висока речиси 190 метри во деловниот кварт Ла Дефенс, во предградието на Париз, во знак на протест против пандемијата.
По единаесетти пат во својата „кариера“, славниот 59-годишен алпинист планирал да се искачи на кулата „Тотал купол“ висока 187 метри. „Умерено тешко искачување“, им рекол тој на новинарите.
Обично се качува сам, но сега за прв пат го придружуваат тројца млади алпинисти на возраст од 21, 28 и 33 години, кои, како што рекле, биле „почестени“ да му се придружат на легендата во качување.
“Ова е искачување против ковид потврдите, што ги лути сите. Тоа е загрозување на основните слободи, пропусницата е срам”, рече Ален Робер пред почетокот на искачувањето.
„Му оддаваме почит и на Жан-Пол Белмонд, кој исто така се искачуваше“, додаде тој, ден откако легендарниот француски актер почина на 88-годишна возраст.
Ален Робер стана познат во светот по качување со голи раце, обично без безбедност и без одобрение, на повеќе од сто облакодери и други урбани споменици.
Во март 2020 година, се искачи на кулата Агбар во Барселона за да протестира против стравот од корона вирусот.
Фото: АФП, Томас Самсон
Comments are closed.