Видеоснимка од брутален напад на маж врз три девојки во Приштина е објавена на социјалните мрежи во Косово. Инцидентот се случил сред бел ден, а на почетоот на снимката се гледа како трите девојки стојат пред салон за масажа каде работат.
Во еден момент, тие забележаа како доаѓа напаѓачот, а две од нив се повлекоа во салонот. Гневниот маж почна да ја удира со тупаници и со гумен пендрек едната од девојките, а нејзините колешки се спротивставија.
Откако девојките успеаја да му го одземат пендрекот и да го искористат во своја одбрана, дрскиот напаѓач избега.
Според локалните медиуми, една од нападнатите девојки изјавила дека напаѓачот бил незадоволен клиент на салонот, кој наводно „побарал услуга повеќе од обична масажа“ и бил одбиен.
Косовската полиција соопшти дека трага по насилникот.