Славната Селма Хајек се омажила во тајност на 42 годишна возраст во Париз и со тоа го воодушеви светот, а животната приказна на популарната глумица не е ниту малку лесна.
Селма Хајек е родена на 2 септември 1966 година, а нејзината мајка Дијана во тоа време имала сериозна кариера на оперска пејачка, а благодарејќи на својот сопруг, Либанецот Сами Хајек, ценет експерт за нафта со големи политички амбиции, живееле на висока нога.
Имено, Селма во периодот кога студирала една вечер била на љубовен состанок и била киднапирана. Киднаперите ја држеле девет часа со пиштол вперен во вратот, а ја пуштиле кога родителите на нејзиното момче го платиле откупот. После тоа ги напуштила студиите и одлучила да стане глумица.
После улогата во најнаградуваниот мексикански филм “Miracle Alley”, следното одредиште за Селма било Холивуд. Веднаш после доаѓањето во 1991 година сфатила дека Мексиканките во американските филмови можат да добијат улога само на слугинки и проститутки, но ни тоа не ја поколебало.
Пријателството со Мексиканскиот режисер, Роберто Родригез успешно ја водеше низ Холивуд и успехот кој бил посебен предизвик бидејќи не била ниту блиску до изгледот на поголемите “гладни” американски глумици.
Иако со својот став подигнуваше прашина каде и да се појавеше, деталите од нејзиниот љубовен живот никогаш не ги полнеле страниците на магазините.
Четири годишната врска со глумецот Едвард Нортон ја прекинала бидејќи не можел да им одолее на другите жени, а едногодишната романса со Џош Лукас исто така брзо згаснала.
Наредните неколку години сексапилната Селма се посветила само на работата и се докажа со неколку филмски хитови, но одбивала да открие дали има момче или не.
Во 2006 година на големата изложба во венецијанската “Palazzo Grassi” се сретнала со најбогатиот Французин, Франсоа Анри Пино и никој не верувал дека таа средба ќе биде судбоносна. Но, на 21 септември 2007 година го родила нејзиното прво, а неговото трето дете, Валентина Палома и помеѓу нив се создаде нераскинлива врска.
Иако станале родители на мало девојче, Селма и Франсоа се венчале две години подоцна и за тоа време подготвиле две свадби, една во Париз и една во Венеција.
Дека нејзината љубов кон сопругот е вистинска и за цел живот, сведочи и податокот од 2011 година, кога одлучила да премине преку скандалот кој медиумите го објавила за манекенката Линда Еванѓелиста која му родила син на Франсоа, Августин Џејмс, а подоцна побарала и алиментација од 46 илјади долари месечно.
Селма најпрво молчела, а потоа се изјаснила дека била шокирана за детето за кое манекенката го криела, со оглед на тоа дека Франсоа имал афера со неа додека бил на пауза со глумицата.
После шест месеци глумицата одлучила да му се врати, се венчале во Париз во 2009 година, а медиумскиот скандал кој се закануваше да му го уништи бракот и односот со Хаек, не го дозволи токму таа и продолжиле онаму каде застанале – во страсна љубов и посветеност кон заедничката ќерка.