САД и официјално ја заврши евакуацијата од аеродромот во Кабул и после две децении целосно се повлече од Авганистан. Повеќе од 122 илјади лица го напуштија Кабул од 14-ти август, ден пред земјата да падне во рацете на талибанците.
„Ова заминување беше доста болно. Не успеавме да ги извлечеме сите кои сакавме“ изјави генералот Френк МекКензи.
„Мислам дека да останевме уште 10 дена, немаше да имаме време да ги извлечеме сите“ вели американскиот дипломат во Авганистан Рос Вилсон, кој бил на последниот авион евакуиран од Кабул.
Последниот американски војник кој го напушти Авганистан е генералот Крис Донахју. Во војничка униформа, со оружје во десната рака, командантот на 82 -та американска воздухопловна дивизија се приклучи на своите колеги во последниот авион, пренесува Гардијан.
„Добро завршена работа, се гордеам со сите вас“ била последната порака на Донахју на своите војници.