Сашко Коцев во свој стил ги искара несовесните возачи. Познатиот актер, на својот Фејсбук профил напиша стихови инспирирани од поетската творба од Кочо Рацин, “Денови”, во која иронично ги опомена оние кои се паркираат на местата за инвалиди.
“Пусти мерак да се паркирам на место за инвалиди по молови,
Пусти мерак таблицата да ми е со 4 исти бројки мамо
Пусти мерак,пуст да би останал, мори мамо не поминува”, напиша Коцев.
На редовниот репертоар на МНТ тој ги игра претставите “Не се клади на Енглези” и “Еден месец на село”.