Пред да замине за Париз за да потпише договор со Пари Сен Жермен, Лео Меси одржа прес-конференција во Барселона за да се збогува со клубот во кој ја помина речиси целата кариера.
Меси не можеше да ги сокрие солзите на конференцијата, а во еден момент сопругата Антонела му подари марамче.
Само неколку дена потоа, сите беа во шок кога на интернет се појави аукција каде се продаваше ова марамче. На страницата Mercado Libre, имаше фотографија од ова парче хартија и цената – 1.000.000 долари!
Бразилската манекенка Луана Сандиен тврди дека се обидела да го купи марамчето и дека и покрај понудата од 600.000 долари, на крајот не го добила.
Секако, на интернет аукциските-куќи се појавуваат бизарни работи (како што беше со последната мастика на Сер Алекс Фергусон како тренер на Манчестер јунајтед, капитеската лента на Кристијано Роналдо), но марамчето со кое се бришеше Меси е сигурно меѓу најбизарните.
Сандиен, која е огромен навивач на Барселона, вели дека се обидела да го добие марамчето за да може да направи фотосесија со него.
„Дадов 600.000 долари да го добијам, но марамчето потоа исчезна. Знам дека бараа 1 милион долари, но дадов повеќе од половина од тоа и не успеав. Не знам дали продавачот се откажал или се работи за шега. Ќе имав интересна фотосесија“, вели Сандиен.
Бразилската манекенка неодамна беше на насловната страница на Плејбој Африка во дрес на каталонскиот гигент.
„Секогаш сум навивала за Барселона бидејќи живеам во Шпанија и тие се огромен клуб. Исто така мислам дека нивните играчи се позгодни од другите“, изјави тогаш Сандиен.