Клавијатурист на групата Дупини која беше придружен бенд на Оливер Драгојевиќ, Аљоша Драганиќ Вранчиќ почина вчера на клиниката во Загреб на 59 -годишна возраст.
Тој беше во болница поради корона вирусот каде се лекувал две недели, но за жал ја загуби битката.
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот пријател Горан Франиќ Њоко, кој беше на сцената со него околу 30 години.
– Вистина е, тој почина. За мене е незамисливо дека го загубивме денеска – рече Њоко. Тој додаде дека долго време се борел со короната, а кога ситуацијата се влошила, бил префрлен во болницата во Загреб.
Групата Дупини беше придружниот бенд на Оливер Драгојевиќ, со кого изведоа стотици концерти и разни турнеи.