Видеото кое го пренесоа светските агенции а на кое се гледа како американски маринец крева бебе преку заштитна жица на аеродромот во Кабул, привлече големо внимание, пренесуваат медиумите.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека на маринците им било кажано дека неименуваното бебе е болно и дека била побарана помош.
„Родителот на бебето побара од маринците да се грижат за бебето затоа што таа беше болна. Маринецот ја однел во норвешката болница, која се наоѓа на аеродромот. По третманот, бебето беше вратено кај таткото“, рече тој.
Кирби додаде дека не знае кој е таткото, ниту каков е статусот на семејството.
„Ова е вистински пример за професионалноста на маринците на лице место, кои донесуваат брзи одлуки во динамична ситуација како поддршка на операциите за евакуација“, изјави мајорот Џим Стенгер за „CBS News“.
Претходно, британското министерство за одбрана објасни дека на аеродромот не останало ниедно дете без придружба, ниту пак без придружба било евакуирано од главниот град на Авганистан.
Footage from outside Kabul airport shows an infant being passed over razor wire to soldiers on top of barricades.
Get live Afghanistan updates: https://t.co/iljScPOcvY pic.twitter.com/FVgrQtHQwL
— Sky News (@SkyNews) August 20, 2021