Српскиот претседател Вучиќ си појаде на хауба: леб, мајонез, домат и мортадела (ФОТО)

by Тони Зографски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, министерот Томислав Момировиќ и директорот на „Патишта на Србија“, Зоран Дробњак, утрово појадуваа на хауба на автомобил.

На менито имало половина килограм леб за секого, потоа мајонез, мортадела и домат. Главниот „готвач“ беше Вучиќ, кој сечеше домати и правеше сендвичи.

„Најдобар појадок. Половина килограм леб за секого, мајонез, мортадела и домат. Подготвен за обиколка на нови градилишта во Источна Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

останати вести