Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Оваа недела ќе бидете како во бркотница, ќе трчате на повеќе страни, ќе се трудите да работите на три места одеднаш и ќе бидете наградени за тоа.
ЗДРАВЈЕ: Намалете со цигарите и алкохолот.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Имате многу јасен увид во ситуацијата во која се наоѓате и без проблем ќе успеете да ги донесете одлуките кои се најпаметни според сегашната поставеност на работите.
ЉУБОВ: Саканото лице ви е максимално посветено и имате прилика да уживате во заедничките моменти.
ЗДРАВЈЕ: Можни се мали проблеми со бубрезите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Ќе сакате да се истакнете со помош на измама но ќе бидете откриени и потценети. Можеби токму тоа ќе ви покаже дека без труд не се заработуваат пари.
ЉУБОВ: На ова поле се можни бројни промени, но сепак ситуацијата не ви е баш најповолна. Потребни се големи залагања.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за имунитетот.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Ќе ви се даде можност за напредок и поголема заработка, од вас зависи колку паметно ќе ја искористите можноста.
ЉУБОВ: Ситуацијата не е многу поволна, но следи период на смирување на тензиите за оние кои се во врска или брак. Слободните претставници ќе бидат пребирливи.
ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте стресни ситуации.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Ќе бидете соочени со органичувања кои не сте ги очекувале. Можно е да ви се вратат некои стари проблеми.
ЉУБОВ: Ситуацијата ќе биде напната, а вие видно растревожени. Поведете сметка за вашето однесување во односите со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Стомакот ќе ви биде осетлив.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Очекувајте мали застои во текот на деловните преговори, бидејќи другата страна ќе ви постави големи услови. Одиграјте паметно.
ЉУБОВ: Делувате ладно во комуникацијата со партнерот, кој е загрижен за вашата врска. Слободните лица не се подготвени за влегување во нова врска.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за респираторните органи.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Можете да очекувате стабилизација на полето на финансиите. Поголем прилив на пари доаѓа накај вас.
ЉУБОВ: На емотивен план имате бројни прилики за вистинско уживање и штета е да не ги искористите. Едноставно опуштете се и уживајте.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за вашата исхрана.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Поведете сметка да не правите големи грешки на работа во текот на оваа недела. Некој будно ве следи како работите.
ЉУБОВ: Сакате да му бидете максимално посветени на партнерот, гладни сте за љубов и посакувате нежни допири и прегратки.
ЗДРАВЈЕ: Не се оптеретувајте со тешки тренинзи.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Размислувате за некој деловен потфат од минатото и се прашувате дали можете нешто такво да направите повторно. Со малку поголемо истражување и залагање ништо нема да ве спречи.
ЉУБОВ: Мечтаете за некое лице кое за вас во моментов е недостапно. Постои некоја доза на блага депресија и емотивно незадоволство.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Заедно со своите соработници во кои имате доверба ќе успеете да остварите успех на деловен план. Реализирајте ги вашите идеи.
ЉУБОВ: Ќе ви се врати некоја стара љубов, личност со која претходно сте имале некој недовршен или недефиниран однос.
ЗДРАВЈЕ: Добро, не внесувајте премногу масни намирници.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Неповолна фаза во која можете да очекувате бројни ограничувања и рестрикции од страна на надредените.
ЉУБОВ: Дистанцата која постои меѓу вас и саканото лице се чувствува се повеќе. Преземете нешто.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за вкочанетоста, применувајте вежби.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Доколку сте планирале било каква соработка со странство или деловно патување – ова е идеалниот период за тоа.
ЉУБОВ: Емотивно сте генерално стабилни, без оглед каков ви е статусот. Расчистете со некои проблеми од минатото.
ЗДРАВЈЕ: Проверете го холестеролот.