На Инстаграм профилот „Sav taj ludi Balkan“ е објавено неверојатно видео кое наводно настанало на плажата Јаз кај Будва во Црна Гора.
На снимката се гледа како непознат маж врти јагне на ражен, додека околу него има зачудени капачи на плажата.
„Ќе врти јагне на ражен овој народ“, стои во описот на снимката.
„Малку е жешко, ама ајде…“ вели „скараџијата“.
Оваа објава наиде и на многу реакции.
„Да не ти се верува“, „Па баш се легенди“, „Мислев дека сум видел се“, „Не смееш да бидеш гладен на плажа“, „Дали е ова реално?“, Нека пече човекот, не е забрането“, се само дел од коментарите.