Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук објави реакција по информациите дека недостигаат попишувачи.
„Не им фалат еден-двајца… Им фалат дури 1.500 попишувачи, ама они ќе си терале фингиран попис у сред четврти бран пандемија + нов бран вештачки доделени државјанства + изборна кампања (три у едно)!? Ако бе. За однапред договорен процент по Рамковен, не ви ни требаат попишувачи. Плус си имате и амин од ДПМНЕ за фалсификатот! Така да, терајте си ич да не ви чуе. Само, да нема плачки после избори, кога ќе го крка некој кривично за ова “, порача Апасиев.