КАЈ ОТИДЕ СВЕТОВ: Марамчето со кое Меси си го бришеше носот додека плачеше се продава за милион долари

by Тони Зографски

Компанијата за онлајн продажба „Меркадо Либре“ објави дека продава марамче од хартија со кое Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги избриша очите и носот за милион долари за време на збогувањето од Шпанска Барселона.

Непознат продавач во објавата напишал дека, покрај солзите, шамичето содржи и „остатоци од носот на Аргентинецот“, и дека со помош на тоа, некој може да го клонира Меси.

Рекламата привлече голем интерес од љубителите на фудбалот ширум светот, а голем број корисници на интернет на шега ја коментираа објавата.

Некои корисници го прашаа сопственикот на рекламата дали има тоалетна хартија од тоалетот на новиот клуб Меси ПСЖ , каде што „што Аргентинецот сега го користи“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com