Турист кој бил гостин во еден клуб на хрватскиот остров Хвар добил неверојатно голема сметка за испиените пијалоци – речиси 100.000 куни (нешто над 13.000 евра). Како што коментираат хрватските медиуми, тоа е сума со којашто би можеле да купат половен БМВ 1 или, пак, нова Опел Корса или Цитроен Ц1 …
На сметката се гледа дека туристот и тие што биле со него пиеле шампањ, коктели, сокови, при што најмногу ги чинеле пет шишиња „фенси“ текила „Дон Хулио Анехо“ за кои платиле 24 илјади куни .
Оваа сметка се појави и на социјалната мрежа Редит, при што некои корисници провериле дали сметката е фискализирана, на што добиле потврден одговор.