На социјалните мрежи се појави видео од плажата Градиште во Охрид. На видеото кое се појави на инстаграм брзо се прошири и на другите социјални мрежи.
На видеото може да се види како комбе е влезено во Охридското езеро. Според првични информации на социјалните мрежи човекот пробал да извлече чамец, но брановите го зафатиле и се заглавил.
Граѓаните кои се најдоа на плажата се обидуваа да му помогнат и да го извлечат од езерото.