Американката Саманта Рамсдел го сруши Гинисовиот рекорд за најголема женска уста на светот, а сега во живо преку телевизија демонстрира колку може да се смести во неа.
За време на гостувањето во емисијата „Ова утро“, таа зеде јаболко и го пикна целата во уста, а потоа истото го направи и со сендвич со мисирка.
„Ете луѓе, тоа значи да се има најголемата уста во светот“, вели водителот.
Како што е објавено на официјалната веб -страница на Гинисовата книга на рекорди, устата на Саманта е широка дури 6,52 сантиметри. Таа редовно ја покажува својата голема уста на социјалните мрежи, а 1,7 милиони луѓе ја следат на TikTok.
„Да се има 31 година и да се држи рекорд за нешто за што навистина бев несигурна и што посакував да беше помало, е одлично чувство и тоа сега ми е една од најдобрите работи “, заклучила таа.
https://twitter.com/i/status/1424666617863081984