Британска туристка бил силувана додека лежела без свест на улица во Мајорка, а набргу потоа бил уапсен маж осомничен за тоа злосторство, пишува Мирор.
Медиумите пренесуваат дека неколку луѓе виделе сексуален напад што се случил во раните утрински часови во Плаја де Палма.
Тие повикале полиција и го задржале човекот одговорен за нападот додека не пристигнала полицијата.
Жената на возраст од околу 50 години, била пренесена во болница.
Како што пренесуваат локалните медиуми, нападот се случил на улица во близина на плажата која е преполна со локали и ресторани и која е популарна ноќна туристичка дестинација.
Мажот ја нападнал Британката пред околу 10 сведоци среде улица, пренесува „Ultima Hora“. Истражителите веруваат дека осомничениот и жртвата се познавале од претходно, како и дека можеби истиот ден порано се сретнале во барот.