„ИМА ПРИЧИНИ ЗОШТО СЕ БИВШИ“: Го нападнаа Биковиќ, па тој им врати (ФОТО)

by Тони Зографски

Актерот Милош Биковиќ со денови беше во центарот на медиумското внимание по исповедта на неговата поранешна девојка Арина Волошина, која тврди дека таа немала свој живот поради него, но и тоа дека тој не покажал никаква човечност во нивната врска .

По неа се огласи и манекенката Барбара Таталовиќ, поранешната девојка на Милош која ја поддржа Арина и изјави дека го препознава тоа што го кажува за актерот и дека се чувствува исто.

По изјавите на поранешните девојки, Милош се обрати преку својот профил на Инстаграм и испрати многу јасна порака до сите.

„Секогаш ќе ги почитувам девојките со кои сум бил во одреден момент од мојот живот и не сакам јавно да зборувам за интимноста. Кога љубовта или пријателството завршуваат, секој од партнерите може и генерално гледа поинаку на поминатото време. Мојот став кон тоа секогаш ќе биде ист. Како прво, сакам да го задржам достоинството и почитта дури и кога за мене изнесуваат невистини – напиша Милош, додавајќи:

„Секој има право јавниот простор да го користи како што смета дека е најсоодветно. – некој споделувајќи ја својата интима, некој своите професионални достигнувања. Тоа е прашање на личен избор, но и личен вкус. Исто како што постои причина зошто приватниот живот се нарекува „приватен живот“, постои и причина зошто поранешната љубов и односи се токму тоа – поранешни.

П.С. Мислам дека постојат многу поважни теми од општ интерес за кои би требало да се зборува.

останати вести