Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди Токио, а земјотресот го почувствувале и олимпијците.
Според првите информации, нема опасност од цунами. Земјотресот траел околу 20 секунди, а новинарот на Ен-Би-Си Лестер Холт бил првиот што ја пренел оваа информација.
Се се случило во 05.33 часот по локално време.
„Почувствував земјотрес со умерен интензитет овде во Токио,околу 5.33 часот оваа среда наутро. Траеше околу 20 секунди. Интересно, екипата што беше на три ката под мене не почувствува ништо. Јапонската метеоролошка агенција објави дека магнитудата е шест степени според Рихтеровата скала“, напиша Холт.
Епицентарот на земјотресот бил на брегот на Јапонија, северно од Токио.
Зградите во Олимпиското село беа изградени да бидат отпорни на земјотреси, но и покрај тоа, многумина на повисоките катови почувствуваа како се тресе земјата.
Австралискиот новинар Марк Берета ова го почувствувал во директен пренос.
„Добредојдовте во Олимпиското село каде што во тек е земјотрес. Плафонот над нас се помести и можете да забележите дека нашите светла и камери исто така се движат. Ова е необичен момент, никогаш порано не сум доживеал земјотрес“, рекол Барета.
#ULTIMAHORA #BREAKING Fuerte #Sismo Strong #earthquake Magnitud 6.0 en #Japon el epicentro se localizo a 118km al Sureste de la ciudad de #Iwaki a una profundidad de 20km 05:33hrsLOCAL No hay #Alerta de #Tsunami #Japan la onda sísmica se sintió hasta la ciudad de #Tokio pic.twitter.com/gZtjpOFymP
— Celeste Centaury (@CCentaury) August 3, 2021