Земјотрес го стресе Скопје

by Тони Зографски

Земјотрес со интензитет од 3,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван синоќа во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 28 km северозападно од Скопје во соседното епицентрално подрачје Урошевац – Витина, Република Косово.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.3, а беше почувствуван од граѓаните на градот Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Според Европскиот медитерански сеиозмолоши центар епицентарот на земјотресот е на границата меѓу Северна Македонија и Косово.

Земјотресот е почувствуван во 23:07 часот, а длабочината на епицентарот изнесува 2 килиметри.

останати вести

Comments are closed.