ТИКТОК звездата Ентони Барахас (19) почина во болница, пет дена откако беше застрелан во глава додека бил на филмска проекција во едно кино во Калифорнија.
Полицијата потврдила дека 19-годишникот им подлегнал на повредите во саботата наутро, наведувајќи во соопштението дека „изразуваат сочувство до неговото семејство и пријателите“. Барахас во понеделникот бил на доцна проекција на филм со Рајли Гудрич (18) во театарот „Регал Едвардс“ во Корона, кога и двајцата биле погодени од огнено оружје. Таа исто така била погодена во главата, и починала на лице место, додека Ентони итно бил пренесен во болница во критична состојба.
Во времето на нападот, киното било речиси празно, а двојката не била пронајдена додека не завршила проекцијата на филмот. Џими Хименез (20) бил уапсен за пукањето, што од властите било опишано како „случаен и неиспровоциран напад“. Тој не ги знаел ниту Ентони, ниту Рајли. Полицијата го идентификувала Хименез како осомничен и го уапсила во вторникот, кога му било одземено оружје од ист калибар како и она за кое се сомнева дека се користело во пукањето.
Полицијата ги пронашла и парите и другите лични работи на Рејчел во куќата на Хименез, 24 часа по пукањето. Тој е осомничен за убиство, обид за убиство и разбојништво. Обвинението за обид за убиство најверојатно ќе се смени во кривично дело убиство сега, по смртта на Ентони. Обвинителите, исто така, рекле дека постојат посебни околности бидејќи Хименез чекал да го изврши делото, што го прави подобен за смртна казна. Хименез е во затвор од апсењето. Според извор близок до полициската истрага, Хименез им рекол на детективите дека слушнал гласови.
Comments are closed.