Џорџ Клуни (60) и Амал Клуни наводно повторно ќе станат родители, а според странски извор звучеле како Амел повторно да носи близнаци, пренесува „ОК!“.
Амал и Џорџ ги имаат четиригодишните близнаци Ела и Александра, а сега повторно ќе станат родители.
„Амал го помина првиот триместар, но нејзиниот стомак веќе почна да се покажува, така што сите ќе ја знаат оваа вест наскоро“, рекол изворот за новинарите.
„Тоа е толку возбудливо. Џорџ велеше дека сака повеќе деца“, рекол изворот, додавајќи дека близнаците биле воодушевени што бебето пристигнува.
„Ела молеше да има сестра, така што сите се надеваат на едно девојче. Но, се разбира, и онака ќе бидат среќни, се додека бебињата се здрави“.
Среќната двојка им кажала на пријателите дека на 4 јули ќе организира интимна вечера на која ќе ги соопштаат убавите вести. Вечерата била организирана во ресторанот “Il Gatto Nero”
Comments are closed.