Скандалозно видео од маж како ладнокрвно удира две жени на улица поради сообраќаен проблем се појави на Инстаграм страницата Ниш навечер.
Како што објави република.рс, насилникот е Мирко Ајковиќ, брат на Зоран Ајковиќ Ајкула, кој со децении се поврзува со трговија на дрога и многу други кривични дела.
Нападот на Ајковиќ врз жените се случил, откако тој го напуштил новоотворениот трговски центар. Кога стигнал до пешачки премин со автомобилот, немал трпение старица да го помине пешачкиот. Таа одела полека, а Ајковиќ, очигледно брзал, па почнал да свири и да ја навредува жената. Во нејзина одбрана застанеле две жени кои оттаму поминувале со возило. Ајковиќ излегол од автомобилот и брутално ги удрил двете по глава.
Сторителот веднаш бил уапсен и одведен во притвор.
Comments are closed.