“Епа, драги најчевци, панчо-миновци, полициски синдикалци со купени дипломи и други соросписки журналисти и колумнисти. Друг пат, кога ќе се обидете да му држите лекција на Професор по право, прво прочитајте си по некоја книга и по некој закон, па тек тогаш коментирајте у етер, за да не се бламирате и да ви се смее народ
Внатрешната контрола при МВР утврдила дека: „Полицискиот службеник наведен во Вашата претставка, при примена на полициските овластувања, неправилно се легитимирал, со што постапил спротивно на чл. 3 од од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и не Ви издал Записник за извршено испитување алкохолизираност со апарат ‘дрегер’“ – за што се преземени мерки на дисциплинска одговорност“, објави вечерва лидерот на Левица, Димитар Апасиев за инцидентот што неодамна го имаше со полициски службеници при рутинска контрола.
Тој ги повика граѓаните да си ги бараат правата и да не потклекнуваат ни милиметар пред неправдите кои секојдневно ви ги носи животот.
Инаку, Димитар Апасиев неодамна на Фејсбук напиша дека додека возел накај Штип, го запрел полицаец, при што настанал конфликт кога полицаецот сакал да го тестира пратеникот дали вози под дејство на алкохол.
Comments are closed.