Светската ракометна асоцијација (ИХФ) парично ја казни норвешката женска репрезентација во ракомет на песок, откако ракометарките одбија да настапат во бикини гаќички и порачаа дека тоа го сметаат за сексуализација на спортистките.
Норвежанките го игнорираа предупредувањето да се придржуваат до протоколот и се појавија во кратки шорцови на песокот во натпреварот за третото место на Европското првенство во Варна, а ИХФ им изрече поединечна парична казна од по 150 евра, или вкупно 1.500 евра.
Шорцевите што ги носеа Норвежаните „не се во согласност со прописите на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) кои се однесуваат на опремата на ракометарите на плажа“, се додава во соопштението.
Претседателот на НХФ, Каре Геир Лио, за агенцијата АФП изјави дека оваа организација ќе ја плати казната изречена од ЕХФ.
Сепак, тој посочи дека играчите „треба да имаат право на слободен избор во рамките на пропишаните правила“.
„Најважно е спортистите да се чувствуваат добро во опремата што ја носат“, додаде Лио.
По казната за норвешките ракометари, тамошната ракометна федерација изјави дека се „многу горди на играчите кои се побуниле на Европското првенство и јасно кажаа дека тоа е доволно“.
Comments are closed.