Легендарниот глумец и режисер, Клинт Иствуд на својот профил на Твитер објави симболична порака во која многумина „прочитаа“ крај на неговата извонредна кариера.
„Мислам дека да се остари грациозно е многу важен талент. Прекасно е за мене. Времето лета“ – напиша славниот актер покрај колажот со фотографии од неколку од неговите најистакнати улоги.
Иако официјално се уште не потврдил дека се повлекува од филмскиот свет, многумина мислат дека со оваа објава 92-годишниот актер всушност најавува крај на својата кариера.
Клинт Иствуд е роден во 1930 година во Сан Франциско. Неговото семејство често се преселуваше во градовите на Западниот брег на САД поради работните места што ги имаше неговиот татко.
Иствуд тинејџерските години ги поминал во Оукланд, каде што дипломирал во 1949 година и завршил средно техничко училиште. Работел на бензинска пумпа заедно со неговиот татко, а бил и дрвосечач, спасител на плажа, пожарникар во челичарница, чистач на базени итн.
Во раните 50-ти години, тој се интересира за глума. Светската слава ја стекна најмногу благодарение на учеството во вестерн филмовите. Имаше успех и како режисер, продуцент и композитор.
Добитник е на бројни награди, вклучувајќи два Оскари за режија и два за најдобро достигнување, Златни глобуси, Цезари, ДГА (Награди на американското здружение на режисери).
Иствуд има „најмалку седум“ деца. Со неговата прва сопруга Меги Џонсон, тој има две деца – Кајл и Алисон.
Тој ги има и синот Скот и ќерката Кетрин од врската со Џеклин Риверс, ќерката Франческа со актерката Франсис Фишер и ќерката Морган со Дин Руиз.