Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Холестеролот природно се наоѓа во телото и помага за создавање здрави клетки, хормони, жолчни киселини, витамин Д. Телото произведува холестерол кој му е потребен, но внесуваме храна која го зголемува нивото на ЛДЛ (липоптотеини со мала густина, “лош”) холестеролот и нема доволно ХДЛ (липопротеини со голема густина,”добар”) холестерол.
ХДЛ, ЛДЛ и ВЛДЛ се липопротеини, комбинација на масти (липиди) и протеин. Мастите се прикачени за протеините за да може да се движат низ крвта. ХДЛ го носи холестеролот од другите делови во телото назад во црниот дроб кој го отстранува од телото. Високо ниво на ЛДЛ (претежно носи холестерол) води до создавање на плаки во артериите. ВЛДЛ (липопротеини со многу мала густина, претежно носи триглицериди до ткивата) – лош холестерол кој допринесува за создавање плаки на артериите. Триглицеридите се тип на масти во телото. Доаѓаат од храната. Тоа се екстра калориите кои на телото не му требаат, ги претвара во триглицериди и ги складира во масните клетки. Кога на телото му треба енергија таа се добива од триглицеридите.
Промена на исхраната – ограничен внес на храна богата со сатурирани масти, продукти од животинско потекло, пржена храна, процесирана храна, храна богата со шеќери.
Намалување на внес на калории,намалување на тежината.
Зелеиот чај содржи антиоксиданси, полифеноли и катехини. Одржува здрав ХДЛ, го намалува вкупниот холестерол и ЛДЛ. Црниот чај има ист, но послаб. Ефект.
Солубилните влакна ја намалуваат абсорпцијата на холестерол, го врзуваат холестеролот и неговите прекурсори во дигествниот систем и ги исфралаат од телото пред да влезат во циркулацијата. Ги има во овес, јачмен (бета глукан влакна), леќа, грав, круша и јаболка (пектини кои се врзуваат за холестеролот и го исфрлаат од телото), цитрусно овошје, смокви, кајсии, моркови,псилиум, ленено семе.
Јатките (лешници, бадеми, ореви, индиски ореви, фстаци) содржат растителни стероли кои блокираат абсорпција на холестерол.
Маслиново масло со несатурирани масти го намалува ЛДЛ, без да има влијание на ХДЛ.
Црвеиот ориз (екстракт од габичка која расте на оризот) е традиционален кинески лек за намалување на вкупниот холестерол, ЛДЛ и триглицеридите, ја подобрува циркулација на крвта, помага за дигестивни проблеми, забрзува метаболни процеси.
Пантотенска киселина – пантетин, дериват на витамин Б5, го намалува вкупниот и ЛДЛ холестеролот, ги разградува мастите и јаглехидратите. Витамин Б5 го има во месо (пилешко, мисиркино, свинско, јунешко, црн дроб и бубрези), риби, цело зрно житарки, млеко, јогурт, млечни производи, жолчка од јајце, легуми (леќа, грашок), зеленчук. печурки, авокадо (олеична киселина-моносатурирани масти, влакна и бета ситостерол), броколи, благ компир, карфиол, домати (ликопен). Други извори се кикиритки, квасец, семки од сончоглед, овсени снегулки.Пантотенската киселина ја има доста во храната но се губи при преработка, конзервирање, замрзнување, варење. Затоа најдобро е да се внесува храната свежа , а не преработена.
Омега 3 масните киселини (ленено семе, авокадо, јајце. морски плодови, јаткасти плодови, семски од сончоглед и тиква,) го регулираат холестеролот и триглицеридите.
Ограничен внес на алкохол.
Физичка активност, вежбање.
Прекин на пушење.
Comments are closed.