За секое невакцинирано лице во Грција коешто ќе влезе во затворен простор без да приложи вакцинален сертификат, ќе плати казна од 300 евра, пишува српски Блиц.
Доколку се обидете да го фалсикфикувате овој документ, казната станува десет пати поголема – 3.000 евра ќе наплаќа грчката влада штом на посебно наменета апликација вратарите проверат дали вашиот сертификатот е валиден.
– Засега важи препораката дека нема да има затворање, но од утре невакцинираните нема да можат да влегуваат во угостителски објекти, кина, театри и затворени простории воопшто. Овие простори ќе можат да се полнат до 75 проценти. Постои апликација што ќе покаже дали некое лице е вакцинирано или не, што ќе се провери на влезот – вели дописник на РТС од Грција.
Ако се земе предвид дека минатите неколку дена има по 3.000 нови заразени во земјата и дека ова „дивеење“ на бројките е веќе со недели и се должи пред сѐ на новиот делта-сој, станува разбирлива оваа драстична мерка на грчката влада.
Освен казните за невакцинираните, од 1 септември Грција воведува задолжително вакцинирање за старите лица и за здравствените работници, сѐ со цел сегашните 40 отсто вакцинирани до есен да се зголемат на 70 отсто од населението.