Холивудската глумица Деми Мур (58) и нејзината 32-годишна ќерка Румер Вилис уживаат во летните денови на одмор на Миконос, Грција
Поранешната сопруга на Брус Вилис одбрала виолетово бикини, а косата ја собрала во плетенки. Очигледно, годините не ѝ можат ништо, бидејќи Деми изгледа беспрекорно.
Ќерка ѝ пак, беше во посмело издание, со жолто танга бикини кое одлично ги нагласува нејзините облини,
Претходно, Деми Мур на својот Инстаграм профил објави две нови фотографии на кои позира во минијатурно бикини, а вниманието особено го привлече нејзиниот изглед.
Фановите коментираат колку е убава актерката без шминка, како и фактот дека нејзината витка линија на крајот на 6-та деценија е совршена.
„Се подготвувам за уште еден ден во овој рај“, напиша Деми и собра повеќе од 320.000 лајкови.