Индустријата за информатичка и комуникациска технологија е најбрзо растечки сектор во македонската економија и игра важна улога како снабдувач на работни места и создавач на извоз. Хардверот е најголемиот сегмент со 55 % на пазарот на ИКТ во Македонија. ИКТ услугите се втор по големина сегмент 30 %, а софтверот сочинува 15 % од пазарот на ИКТ.
Со годишна стапка на раст помеѓу 2,5% и 8% во последните неколку години, секторот за информатичка и комуникациска технологија во земјата е ветувачка област за странските компании, но и за домашните.
Просечната плата во овој сектор е највисока на ниво на држава и во мај годинава изнесува 73.108 денари според Заводот за статистика.
Голем број меѓународни и домашни компании развиваат софтвер во земјата за извозниот пазар и обезбедуваат клиентска поддршка за мултинационални ИТ компании.
Овој пат ќе ги анализираме само домашните ИТ компании, односно оние што се во исклучи македонска сопственост. Aнализата на Pari.com.mk и податоците на БизнисМрежа.мк покажуваат дека во најголемите 5 компании во македонска сопственост со дејност компјутерско програмирање, четири од фирмите се скопски, додека една е битолска.
Некстсенс е компанијата која генерирала најголеми приходи во последните три години иако може да се забележи континуиран пад низ годините. Од 7,4 во 2018-та на 5,2 милиони евра минатата година.
Втора најголема по приходи е “натрапникот” во групата битолски Интерворкс. Компанијата лани акумулирала приход од 4,8 милиони евра.
Аксапта Мастерс е трета на листата 5 најголеми компании од ИТ во домашна сопственост. Оваа фирма забележала и најголем раст на приходите во последните пет години од 1889%.
Интертек.ИО е следната ИТ компанија во која лани се слеал приход од 2,3 милиони евра. Компaнијата бележи раст на приходите од година в година.
Листата на петте најуспешни македонски фирми од ИТ секторот ја заокружува скопската компанија Интелегент Нетворк Солушн. Оваа компанија за компјутерско програмирање успешно го изменаџирала приходот и од в година в година забележува раст. 2020 година ја завршила со 1,9 милиони евра приход што ја позиционираше во најуспешните пет.
ПЕТТЕ НАЈУСПЕШНИ СО ВКУПЕН ПРИХОД ОД 17,5 МИЛИОНИ ЕВРА
Компанија | Приход 2018 | Приход 2019 | Приход 2020 | Вкупен раст за 5 год. |
---|---|---|---|---|
НЕКСТСЕНС | 7.477.664 | 6.529.221 | 5,248.889 | 19% |
ИНТЕРВОРКС | 3.899.365 | 4.973.291 | 4.804.642 | 211% |
АКСАПТА МАСТЕРС | 2.253.651 | 2.813.776 | 3.279.790 | 1889% |
ИНТЕРТЕК.ИО | 1.761.695 | 1.920.692 | 2.273.669 | 488% |
ИНТЕЛЕГЕНТ НЕТВОРК СОЛУШН | 1.075.027 | 1.835.029 | 1.909.715 | 360% |
Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк
Поинаква е ситуацијата кај профитот. Најголемата компанија по приходи не е и најголема по добивка.
Најпрофитабилна е битолски Интерворкс која остварила добивка од еден милион евра. Компанијата сепак во последните три години забележува пад во добивката.
Втора на листата по добивка избива Аксапта Мастерс со заработка од 662 илјади евра или раст за пет години од 3354 проценти.
Најголемата по приход е на трето место по добивка, но далеку зад прворангираната. Некстсенс остварил профит од 332 илјади евра.
Својата позиција на оваа табела значително ја подобрува и Интелегент Нетворк Солушн. Оваа компанија со речиси 298 илјади евра заработка минатата година и се приближува на треторангираната. Карактеристично за оваа компанија е што и кај приходите и кај добивката од година в година бележи прогресивен раст. Таа е втората компанија што по Аксапта Мастерс кај добивката покажала најдобри резултати во последните пет години остварувајќи раст од 591 процент.
Последна на листата е Интертек.ИО. Кај оваа компанија добивката од речиси 160 илјади евра во 2018 се намалила на 3.000 евра минатата година.
АКСАПТА МАСТЕРС И ИНТЕЛЕГЕНТ НЕТВОРК СОЛУШН СО НАЈГОЛЕМ РАСТ КАЈ ДОБИВКАТА
Компанија | Добивка 2018 | Добивка 2019 | Добивка 2020 | Вкупен раст за 5 год. |
---|---|---|---|---|
ИНТЕРВОРКС | 1.693.931 | 1.861.103 | 1.060.882 | 93% |
АКСАПТА МАСТЕРС | 292.653 | 588.122 | 662.364 | 3353% |
НЕКСТСЕНС | 636.215 | 733.525 | 332.216 | 24% |
ИНТЕЛЕГЕНТ НЕТВОРК СОЛУШН | 128.623 | 155.236 | 297.870 | 591% |
ИНТЕРТЕК.ИО | 159.955 | 5.622 | 2.960 | -96% |
Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк
Овие пет компании вработуваат вкупно 435 луѓе. Некстсенс (88), Интерворкс (154), Аксапта Мастерс (59), Интертек.ИО (81) и Интелегент Нетворк Солушн(53).
Просечната плата од различни профили во ИКТ секторот во земјата е околу 60% пониска во споредба со Белгија, Швајцарија и Холандија, што ја прави оваа земја конкурентна за обезбедување на најдобро ефективно решение и високо квалитетна услуга.
Македонската аутсорсинг индустрија опслужува клиенти во 37 земји во Европа, Северна Америка, Азија, Австралија и на Блискиот исток. Повеќето компании за ИТО и БПО во Северна Македонија гледаат најголем потенцијал како извозни дестинации во скандинавските земји, Централна и Источна Европа, проследено со сегашниот избор број еден во Северна Америка. Компаниите ИТО се најголемиот дел од стартапите во Северна Македонија.
Добро развиен образовен систем: повеќе од 80 средни училишта со интензивен фокус на јазиците, математиката и науката, како и 22 универзитети; Повеќе од 1.300 македонски студенти дипломирале компјутерски науки, развој на софтвер ја правата Македонија конкурентна во овој бизнис.
Редакција Пари
Comments are closed.