Супермоделот Хајди Клум која има 48 години и е мајка на четири деца (најстарата ќерка Лена сега има 17 години), на својот Инстаграм покаже како изгледа нејзиното попладне на овие горештини.
Поточно, тоа го фотографираше нејзиниот сопруг, 31-годишниот гитарист на Токио Хотел, Том Каулиц. Поранешниот ангел на Викторија Сикрет, како што покажува фотографијата, се сонча во задниот двор на нејзината куќа без облека, но ги покрила „стратешките“ делови со пешкир и со вешто прилагодена позиција на стапалото и раката, па сликата не навистина открива што било друго освен нејзината сензационална линија иако Клум е целосно гола.
„Денес беше жешко“, напиша Клум на својот Инстаграм заедно со црно-белата фотографија.