Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Меркур на приватен план ќе ви донесе одредено смирување и поквалитетна комуникација со партнерот. Време е да го поправите сето она што се расипало, па можете мирно да се фрлите на работа.
РАБОТА: Некои финансиски аспекти ги сметавте за готови, но сепак се појавува нешто што ќе започне да ви прави проблеми. Бидете флексибилни и повторно започнете со преговорите со трпение и доследност.
ЗДРАВЈЕ: Главоболката и мачнините се последица на стресот.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: За вас не е вообичаено да ги прогонувате луѓето, но во овој период ќе добиете таква желба. Една личност необично ве интересира, па се обидувате да дознаете што повеќе за неа за да бидете сигурни дека ја правите вистинската работа.
РАБОТА: Добро е понекогаш да бидете и малку себични, а токму оваа недела е добро вашите идеи да не ги делите со другите, бидејќи нема да ви се допаѓаат резултатите од заедничките напори. Сонцето навлегува во вашиот знак, искористете го тоа на најдобар начин.
ЗДРАВЈЕ: Добро, не се грижете.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Малку забавете со активностите во блиска околина, како со партнерот така и со пријателите кои ве гледаат како бесконечен извор на забава и веруваат дека секогаш сте им на располагање. Бидете малку себични и наместо на другите, подарете си љубов самите на себе.
РАБОТА: Меркур ви помага компликациите кои ги имавте во последно време на работното место да престанат и тоа како последица на квалитетната комуникација со колегите и надредените. Искористете ја оваа ситуација некои работи да ги завртите во ваша корист.
ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка и проблеми со варењето.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Планетети едноставно ве движат напред. Ако не сте во врска, ќе работите интензивно да најдете партнер, а оние кои се во врска ќе го обноват огнот во постојните односи и ќе го зачинат љубовниот живот.
РАБОТА: Како што промените се поголеми, така станува понетрпеливи. Нештата ќе се реализираат дури на крајот на овој месец, затоа оваа недела поминете ја во проверка на вашите планови со цел да не дојде до грешки и пропусти.
ЗДРАВЈЕ: Доста сте исцрпени, одморете малку.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Зависноста на партнерот од вас понекогаш ви претставува оптеретување и дополнителна мака, но сето тоа го заборавате кога ќе добиете заблагодарување за вложениот труд. Помогнете му на партнерот да го помине тешкиот период.
РАБОТА: Пречките кои повремено ве забавуваат не се последица од вашиот претеран ентузијазам и самодоверба, туку едноставно неможност на околината да ги следи вашите идеи. Кога ќе го сфатите тоа, се ќе ви биде полесно, а ќе ви помогне Сонцето во Бик.
ЗДРАВЈЕ: Одлично, без проблеми.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Вашиот владетел Меркур помага немирот кој завладеал во вашите односи со партнерот полека да исчезне. Не се враќајте со сила на старото туку обидете се да сфатите кој бил проблемот и решете го.
РАБОТА: Тешко дека оваа недела ќе направите некој сензационален резултат на деловен план, па затоа потрошете го времето на нешто конструктивно, како обновување на заборавеното знаење и вештините или стекнување на нови.
ЗДРАВЈЕ: Можни се повреди на нозете и рацете, бидете внимателни.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Вашиот партнер ќе започне да се инаети и да ви создава проблеми. Бидете внимателни, бидејќи никогаш не знаете што може да донесе љубомората на партнерот.
РАБОТА: Околностите едноставно од вас бараат ревизија на деловните планоци и идеи кои започнавте да ги спроведувате. Или смислете нови идеи или започнете да се менувате себеси.
ЗДРАВЈЕ: Доста добро, но мал одмор не би ви штетел.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Влезот на Сонцето во вашата опозиција во Бик ќе ви донесе искушение да пробате некое забрането овошје. Добро размислете пред да се впуштите во авантура, бидејќи последиците ќе бидат прилично сериозни.
РАБОТА: Иако се подготвува невреме, не е време за приватни војни. Подобро е да ги смирите односите на работа и заеднички со колегите да ги завршите задачите со цел да ги надминете тешките времиња.
ЗДРАВЈЕ: Исцрпени сте, внимавајте на исхраната.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Колебањето кое го чувствате во себе ќе излезе на виделина, па така бидете подготвени на можни несогласувања со партнерот. Брзо ќе видите дали сте направиле добар избор или е вистинско време да ги поправите грешките.
РАБОТА: Помошта за проблемите ќе дојде од страна од која дефинитивно не очекувате, од вашето минато. Некои услуги веќе сте ги заборавиле, но на ваша среќа другите не ги заборавиле, па ќе бидат одлично расположени да ви се раздолжат.
ЗДРАВЈЕ: Добро
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Сонцето во Бик ги прави вашите љубовни односи лесни и пријатни, уживајте во љубовта со партнерот, а доколку сте сами оваа недела ви претстои интересна средба.
РАБОТА: Не ги земајте за себе сите обврски на работното место, оставете им нешто и на колегите да работат. Тие ќе се обидат да побегнат од обврските, но вие ќе бидете заштитени од надредените.
ЗДРАВЈЕ: Започнете да вежбате, проблемите значително ќе ви се намалат.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Ќе имате силно влијание на односите со парнерот и семејството. Бидете смирени и прифатете ги критиките кои можеби ќе ве повредат, но сепак ви се дадени за да ви помогнат.
РАБОТА: Безброј обврски ви останале незавршени, па така ќе биде потребно да се ангажирате повеќе од вообичаено. Единствен начин е да започнете од почеток и по ред да ги расчистувате задачите.
ЗДРАВЈЕ: Повеќе сон, помалку килограми, повеќе здравје. Едноставно!
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Планетите ве поттикнуваат на забава и уживање, па затоа не чекајте, препштете му се на ритамот. Не само што ќе уживате во љубовта, туку и ќе ја зацврстите врскта. Оние кои се сами оваа недела нема да го најдат својот идеален партнер.
РАБОТА: Кариерата и професионалната ситуација во моментот е во рацете на други луѓе. Внимавајте на финансиската состојба, нешто погрешно пресметувате.
ЗДРАВЈЕ: Доста добро.
Comments are closed.