Тинејџер од Босна и Херцеговина ја воодушеви Шведска спасувајќи жена од пожар во шведскиот град Гетеборг.
Додека бил во продавница каде си купувал сладолед, 15-годишниот Јасмин Османовиќ забележал чад од соседната зграда и слушнал повици за помош.
“Пожарот штотуку избувна, густ чад излегуваше од прозорецот на станот. Без двоумење, се искачив однадвор до вториот кат. Ја зедов жената за раце и ја спуштив низ прозорецот. Луѓето под прозорецот ја спасија “, рече Османовиќ, меѓу пријателите познат како Мики, за шведската телевизија СВТ.
“Видов како гори, го фрлив сладоледот и истрчав. Се јавив на 112”, изјави тинејџерот, кого Швеѓаните сега го нарекуваат херој.
Жената што ја спасил, Икрам Иса Махамед, по потекло е од Сомалија и има само пофални зборови за младиот Босанец.
„Благодарна сум што ми го спаси животот“, изјавила таа за шведските медиуми.
Švedski mediji bruje o 15-godišnjem Bosancu Jasminu Osmanoviću i njegovom herojskom činu spašavanja žene iz požara u švedskom gradu Goteborgu. pic.twitter.com/HZv6wRhL4P
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) July 6, 2021
Comments are closed.